Кока-Кола го однесе рекламирањето на сосема ново ниво

Промовирајќи го својот пијалок „Кока Зеро“. компанијата создаде нешто што на никој не би ни паднало на ум, сметајќи дека може да биде само производ на фантазија.

Не се работи за дизајнот или звукот, туку за создавањето на „билборд што се пие“.

Компанијата која е позната по оригиналниот маркетинг, успеа да создаде цела кампања, која што буквално може да се вкуси, без разлика дали е тоа на билборд, на телевизија, или дури и на радио!

Со цел што повеќе луѓе да го пробаат нивниот пиjaлок, тие направија билборд кој им го сервира истиот на илјадници фанови.

Screen-Shot-2015-06-21-at-22.14.19-640x353

Како се создава оваа илузија?

Рекламата создава илузија дека всушност можете да ја вкусите целата кампања и тоа е причината за соработката со Shazam и употребата на технологијата. Користејќи Shazam, Кока -Зеро ја полни виртуелната чаша на паметните телефони, а секој кој ја наполнил сосема потоа може да си набави бесплатна Кока Зеро во големите маркети во САД.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

Погледнете го целиот процес од полнењето, до маркетот…

Овој концепт функционира каде и да сте – дома, на концерт, па дури и меѓу 80.000 луѓе. Функционира дури и само на звук, како радио реклама. И тогаш можете да се вклучите на Shazam, да го слушнете звукот на Кока Зеро и вашата чаша да започне да се полни.

Рекламата е ефикасен производ на креативна идеја реализирана на еден многу модерен начин.

Впрочем како што велат од брендот: „Следниот пат кога ќе бидете жедни, испијте ја рекламата!“.

Сакаме да се овозможи и кај нас 🙂

Текстовите во Адвертајзинг се поддржани од Via Marketing.

- Реклама -