Брз летен колач од само четири состојки

Денес ви претставуваме рецепт за брз, едноставен и освежителен летен колач за чија припрема и не мора да сте експерт во кујната. Сé што ви треба е сезонско овошје по избор, кекси, течен јогурт и шлаг.

 

Состојки:

800 гр. кекс
1 л. јогурт
250 гр. јагоди/малини/вишни/цреши
200 гр. шлаг

 

Подготовка:

Издробете ги кексите на (не премногу ситни) парчиња и ставете ги во сад. Прелијте ги со јогуртот и измешајте ги, со цел кексите да омекнат.

Изматете 200 гр. шлаг и подгответе го овошјето. Во садот поредете ги натопените кекси така што ќе добиете рамна подлога. На таквата подлога распределете го овошјето по желба. Озгора ставете го шлагот, а колачот ставете го во фрижидер за да се олади.

 

Вашиот десерт е спремен.

- Реклама -