Најдобрите места за гледање зајдисонца

Сонцето заоѓа секаде но не сите зајдисонца се исти. Од поспано шкотксо езеро до жешките песоци на Сахара ова се некои од најдобрите места за уживање во зајдисонцето.

Островот Лантау, Хонг Конг

Статуата Тиан Тан Буда привлекува многу туристи на Лантау, најголемиот остров во Хонг Конг. Уживајте во прекрасното зајдисонце и џиновска статуа која ја претставува хармонијата помеѓу човештвото и природата.

Хилерод, Данска

Со неговите високи рененсансни кули Замокот Фредериксборг е прекрасна глетка. Шетајте низ музејот цел ден а потоа гледајте го заоѓањето на сонцето над градините и езерото.

Исламорада, Атолите во Флорида

Познати како Центар на Спортски Риболов атолите се сон на секој риболовец. Нормално ако риболовот не ви е привлечен тогаш гледањето на портокаловото зајдисонце од брод би ги задоволило и најпребирливите.

Сиднеј, Австралија

Секој планинар ќе ви каже дека напорот го прави секое зајдисонце поубаво. Испотете се убаво искачувајќи го со помош на BridgeClimb, а потоа уживајте во неверојатното зајдисонце на 122 метри над Тасманиското Море.

Национален Парк Ауграбис Фолс, Јужно Африканска Република

Името „Ауграбис“ потекнува од збор кој значи „место со голема бука“ но националниот парк нуди прекрасни погледи на сува земја и отворено небо. Водопадите и уникатните силуети на кокербум дрвјата се прекрасни за време на самрак.

Глечер Националниот Парк, Монтана

Нема поубаво место за уживање во небото од Глечер Националниот Парк. Дивина исполнета со локална флора и фауна и прекрасните патеки за пешачење.

Лох Лин, Шкотска

Шкотска е позната по изобилството на прекрасни пејсажи, но Лох Лин на западниот брег е еден од најпрекрасните. За време на летото таму има магија кога езерото се поврзува со зајдисонцето.

Едмонтон, Канада

Едмонтон е познат и како „Градот на Фестивали“ со добра причина: Таму се одржуваат настани во текот на целата година, вклучувајќи концерти на отворено и 10 дневната Capital Ex прослава која се одржува секој јули од пладне до полноќ.

Планината Фуџи, Јапонија

Јапонија е позната како Земја на Изгрејсонцето, но и зајдисонцата се одлични. Иако Планината Фуџи немала ерупција од 1707 година небото сè уште гори со секое заоѓање на сонцето зад речиси симетричниот вулкан.

Сахара, Северна Африка

Гледајте го најжешкото место во нашиот Сончев Систем од најжешкото место на Земјата. Сахара ја покрива речиси цела Северна Африка, одберете една од земјите, најдете убава дина и уживајте во шоуто.

- Реклама -