Брз чизкејк во чаша

Слатко кое се подготвува многу брзо и е идеално за романтична вечера во двојка.
Состојки:

8 кесички бисквити по желба

300 г. крем сирење

рендана кора и сок од еден лимон

3 лажици шеќер во прав

200 г. замрзнато овошје + 50 г. за украсување

 

Подготовка:

1. Бисквитите ставете ги во пластична кеса, па искршете ги и сипете во две чаши за десерт.

2. Изматете крем сирење и кора од лимон, па додадете 2 лажици шеќер во прав и матете додека да добиете лесна смеса. Рапоредете во чашите врз бисквитите.

3. Исцедете го и одмрзнете овошјето ( доколку било замрзнато), па ставете го во блендер и миксирајте заедно со сокот од лимон и преостанатата лажица шеќер. Ставете во чаша врз филот од сирење, украсете со малку замрзнато овошје и послужете го оладено.

На здравје 🙂

 

- Реклама -