Кој вели дека еден дом мора да биде голем, за да биде удобен.
Следниот стан лоциран во Гетеборг , Шведска, се протега на само 50 квадратни метри , но ако ги разгледате фотографиите подолу, ќе се заљубите во него на прв поглед и ќе започнете веднаш да сонувате за слична атмосфера и уметнички дом.
Станот претставува една огромна соба во која има сè – дневна, кујна, спална, бања, мал ходник и тераса.
Малата просторија е целосно реставрирана од дизајнерите на Alvhem кои успеваат да ги сочуваат автентичните елементи , додавајќи модерен комфор. Внатрешноста е решена целосно во бело – боја која е типична за сите земји на Скандинавија , а контрастот го чинат многу шарени акценти.