Венчавка на која што пристигна и самиот Папа

Фотографиите на кои во ист кадар се наоѓаат младенци, полиција и папа, не се гледаат секој ден, а токму такви се фотографиите на еден пар од Сараево.
Главни актери во приказната се младенците Јасмин Мариќ и Аида Разман, кои се венчавале истиот ден кога Сараево било посетено од папата, па на почетокот било прашање дали воопшто ќе се одржи венчавката поради посебно регулирање на сообраќајот и се што доаѓа во пакет со доаѓањето на еден таков гостин.

1

Но, венчавката сепак се одржала, а папата целата слика ја направил несекојдневна. Одличната серија на фотографии од авторот Елдар Нурковиќ фатила единствени моменти од оваа венчавка – на иста фотографија се сместени полицајци, младенци, гости, калуѓерки, верници, минувачи и секако папата.

2

„ Иако целиот град беше блокиран, иако постоеше можност венчавката да биде откажана, иако нам многу работи не ни одеа во корист, успеавме да направиме генијални фотографии, раскажува фотографот Нурковиќ и додава: „Бевме во вистинското време на вистинското место. Се пробивме низ коридорот на полицијата и ги молевме да не пуштат во близина бидејќи младенците сакаат да го видат папата. Овој премин беше тајна локација и никој освен нас не беше таму“.

3

Како што тој истакнува, приказната и фотографијата се доказ дека не е важно од која вера сте, ни што сте по националност – кога е љубовта во прашање, ништо друго не е важно.

„Тоа е таква емоција која што не може, а да не измами насмевка. Доволно е само да ги погледнете реакциите на полицијата и присутните, бевме поздравени со громогласен аплауз“, раскажува Нурковиќ, фотограф од Е-студио, инаку директор на фотографија на MTV и продуцент и режисер.

4

- Реклама -