Во периодот од годината за берење на вкусните цреши, ве учиме како да подготвите штрудла.
Состојки:
Потребно е: 500 гр. цреши, 250 г. ориз, 400 гр лиснато тесто, 1 литар млеко, малку сол, 100 гр. шеќер, рендана кора од лимон, 3 јајца, 100 гр. ф’стаци, жолчка од јајце за премачкување и шеќер во прав за попрскување.
Подготовка:
Додека лиснатото тесто се одмрзнува, измијте го оризот, исцедете го и сварете го со млеко, шеќер и малку сол, повремено мешајќи.
Тргнете го од рингла, оладете и додадете исчистени цреши, јајца, кора од лимон и сецкани ф’стаци.
Одмрзнатото тесто развивајте го во облик на правоаголник, нафилувајте го со смесата од ориз, изролајте, ставете во тепсија обложена со хартија за готвење и премачкајте со изматените жолчки.
Печете во рерна на 220 степени околу 45 минути.
Пред сервирањето, посипете шеќер во прав.