Јагодите се многу меко овошје и можат многу брзо да се расипат ако не сте внимателни. За да го извадите максимумот „рок на траење“, потребно е да следите неколку едноставни правила.
Било да ги планирате за во некој рецепт во блиска иднина или да ги чувате за после работа, Кели Дан од The Kitchn го препорачува следниов протокол:
- Не ги киснете во вода, само измијте ги под млаз: Ако ги оставите во вода подолго време, јагодите ќе впијат прилично многу влага и ќе станат меки, а за многу скоро време ќе фатат и мувла.
- Оставете ги дршките: Отсуството на дршката ќе го забрза процесот на скапување. Оставете ја колку што можете подолго, непосредно до моментот пред да ги јадете.
- Отстранете ги скапаните јагоди: Ако забележите дека некоја јагода во купот е скапана или мувлосана, веднаш фрлете ја, пред мувлата да се рашири и на останатите.
Овие неколку потега можат значително да го продолжат свежиот живот на јагодите. Сепак, ако не планирате да ги јадете во текот на неделата, чувајте ги во фрижидерот.