Од надвор изгледа како обична приколка, а внатре ги нуди сите поволности

Оваа мала селска приколка изгледа одлично и доколку ја посматраме нејзината надворешност, но она што е внатре, ја прави сликата комплетна.

Истата ја создал со свои  раце уметникот Џим Толпин.

Додека повеќето луѓе го претпочитаат модерниот стил и минималистичкиот ентериер, Џим одлучи да направи нешто што ќе ги задржи спомените од минатото и ќе се покаже како функционално.

Покривот е направен од дрво и се протега како крошна. Согласно со тоа изгледа како модерна приколка, подготвена за долго возење на автопат.

1

Но, потребно да се дојде поблиску до неа за да започне вистинската магија. Светилките, малите прозореци, како и другите детали не возат директно во XIX век, поврзувајќи не со шмекот на минатото.

2Сончевата светлина продира нежно низ витраж прозорците со рачно насликани елементи. Меките и класично тапацирани перници ја прават внатрешноста атмосфера волшебна.

3 4

Оваа магична област е едноставно совршена за читање, или пак чисто за сонливо разгледување низ прозорецот.

Во зима, приколката се загрева со една стара печка на јаглен.

5

Креветот е проширен за да ја достигне “кралската” големина. Подулу се наоѓа подвижна маса каде што може да се вечера и работи.

6 7

Рачно насликаната рамка го симулира народниот стил на Норвешка на 1800-тите.

8 9 10

Во приколката постои надворешно осветлување, па дури и посебно сандаче за писма.

11

За разлика од други приколки овој прекрасен пример е многу повеќе од обично средство за патување.

12

Се работи за шармантен проект, место каде што може да се занесете во пријатни спомени или едноставно да бидете со оние кои ве сакаат и ги сакате.

13

- Реклама -