И мажите и жените се плашат дека тој пребрзо ќе стигне до оргазам и нема да ја исполни нормата на просечната должина на сексот. Но, колку всушност е таа норма? Судејќи по порно филмовите, околу 40-тина минути, што е смешно.
Новата студија на канадските и американските секс-терапевти, открива дека просечниот сексуален однос трае од 3 до 7 минути. Оваа информација кореспондира со пораните студии, во кои просечната должина на односот беше претставена со бројка од 5 до 7 минути.
„Само мал дел луѓе имаат однос кој трае подолго од 12 минути“, вели Бери Мекарти, еден од секс-терапевтите. Според него, ако сакате да го одолговлечите оргазмот, треба да размислувате за орален секс, менување на позите, како и варијации во брзината и длабочината на пенетрација.