Казна за лошо паркирање на количка

Претерана ревност или изопачен британски хумор? Како и да е комунален полицаец напишал казна за „непрописно паркирана“ градежна количка.
Фотографијата, објавена на Твитер, за кратко успеа да доживее голема популарност на социјалните мрежи. На неа може да се види како полицаец пишува казна за количка паркирана покрај тротоарот, на една уличка во Британија.

kazna1

„ Не можев да им поверувам на очите“, напишал под фотографијата сведокот, кој ја објави случката.

 

Локалните власти не ја потврдија веста, но портпаролот на градската општина вели дека доколку информацијата е точна, би била третирана како „претерана ревност“.

kazna2

- Реклама -