Освен што се подготвуваат за миг, овие колачиња ќе ве освојат со својот исклучителен вкус.
Состојки:
150 г. исецкано бело чоколадо
изрендана кора од половина лимон
50 мл. слатка павлака
1 см. ѓумбир
50 г. рендан кокос
Подготовка:
Во помал сад измешајте ги павлаката, ѓумбирот и ренданата кора од лимон. Загрејте ја смесата во микробранова рерна околу половина минута.
Топлата смеса прелејте ја преку исецканата бела чоколада и добро измешајте. Повторно ставете во микробранова половина минута и измешајте додека чоколадото сосема не се стопи.
Преклопете ја изладената смеса и чувајте ја во ладилник околу еден час.
Од оладената смеса обликувајте топчиња и препелкајте ги во кокосовото брашно.