Mала, функционална и евтина: Оваа куќа чини само 67.600 денари

Ако сте мислеле дека е невозможно да живеете во мала куќа, барем привремено, сте се измамиле.

Можно е сосема лесно да функционирате и во седум ипол квадратни метри.

Оваа куќа има само неколку квадратни метри, но во неа се сместени кревет, мала кујна со минифрижидер и поткровје.

618414_kuca-01-foto-relaxshacks_ff

Ако отворите еден дел од кровот, добивате и тераса на која може да се смести уште еден кревет.

Најдобро од се е тоа што оваа куќичка можете да ја изградите сами: плановите за неа се продаваат на интернет, по цена од 29,95 долари.

618415_kuca-02-foto-relaxshacks_ff

Потоа, изградбата чини 1.200 долари (67.600 денари), или дури уште помалку, барем според дизајнерот Дерек Дидрикен од блогот  “Relaxshacks”.

– Целта ми беше да направам едноставна куќа која многумина можат да си ја дозволат, вели тој.

618416_kuca-03-foto-relaxshacks_ff

И успеа во тоа. Единствената маана е тоа што оваа куќича нема тоалет, но и понатаму е совршена за кампување.

618417_kuca-04-foto-relaxshacks_ff

- Реклама -