Уникатен мебел од нафтени буриња

На саемот за современ мебел во Њујорк беа претставени доста идеи, направени од рециклирани материјали.

Едни од најинтересните примери оваа година се делата на студиото за внатрешен дизајн Urbanite Home.

rel1

Нивната колекција од столици и маси во светли бои е направена од буриња за нафта, пишува Tree Hugger.

rel2

Дизајнерот Фил Дејвидсон вели дека почнал да работи со буриња, откако дознал од својот брат дека во нивната област тие не се рециклираат. Така Дејвидсон почнал да ги собира. Од дизајнерското студио ги чистат остатоците во внатрешноста, кои потоа се преработуваат во црвен дизел за земјоделска употреба.

rel3

Откако ќе бидат исчистени, бурињата  се сечат во нови форми за изработка на мебел, а останатите помали парчиња од нив се рециклираат.

Дополнителните украси се изработуваат од рециклиран мек челик. Потоа се бојадисуваат, а сите материјали во иднина можат повторно да бидат рециклирани. Овие парчиња се доста издржливи и се погодни за употреба како за затворен, така и на отворен простор.

rel4

Колекцијата од мебел на Urbanite Home нуди прилично широк спектар на помошни маси, кафе маси и различни столови.

rel5

- Реклама -