Можете ли да ја решите?
Неодамна на интернет се појави математичка задача за деца од Сингапур, која успеа да збуни многу постари од нив, а сега на интернет кружи нова, и тоа, уште потешка.
Виетнамските третоодделенци добиле математичка задача која што ни нивните учители не можеле да ја решат.
Истата е прикажана на цртежот. Во празните полиња децата треба да впишат броеви од еден до девет, за едначењето да има смисла, следејќи ги сето време операциите за сметање – собирање, одземање, множење и делење.
На прв поглед задачата не изгледа многу тешко, но многумина кои се обидоа да ја решат наидоа на потешкотии.
– Оваа задача е тешка дури и за постарите кои се добри во математика, а камоли на децата од трето одделение. Ја испратив и кај некои кои што имаат докторат од економија и математика, но уште немам добиено одговор, вели еден виетнамски учител.
Обидете се и вие.