Ова е еден од најскапите хот-догови во светот. Погледнете зошто

Британски судија кој водел постапка против едно момче за кражба не можел да го сокрие изненадувањето околу цената на украдената стока – виршла во лиснато тесто.

„Три фунти (четири евра) за рол виршла? Мора да било гастрономско чудо“, рече во неверување судијата, Филип Стејтмен.

Како што пренесува весникот „Телеграф“, 19-годишното момче, виновник за кражбата е уапсен минатиот декември откако од една бензинска пумпа украл пециво и го изел.

Судијата Стејтмен младиот крадец го казнил со парична казна од 25 фунти и наредил на сопственикот на бензинската пумпа да ги надомести парите за украдената рол виршла.

„ Тоа ќе биде најскапата рол виршла која некогаш ќе ја изедеш“, порача судијата.

- Реклама -