Кант за човековата незрелост

Просветленост е човековото напуштање на сопствената самонаметната незрелост. Незрелост е немоќта својот разум да се употреби без водството на некој друг.

Мрзеливоста и кукавичлукот се причините поради кои толку голем дел од луѓето, макар природата одамна ги ослободила од туѓото управување, сепак радо до крајот на животот остануваат незрели и поради кои на другите им е сосема лесно да им се наметнат за нивни тутори. Многу е удобно да се биде незрел. Ако имам некој кој ќе се грижи наместо мене и наместо мене ќе има совест, тогаш, имено, не ми е потребно да се трудам јас самиот. Нема потреба да мислам кога можам само да платам; некој друг за мене ќе ја преземе прљавата работа. Како што најпрво ја заглупавуваат својата домашна стока, грижливо спречувајќи го тој мирен створ да направи барем еден чекор надвор од дупката во која е затворен, овие тутори потоа укажуваат на опасноста која и прети ако стоката се обиде да оди сама.

Па така, на секој поединец му е тешко да се извлече од незрелоста која скоро му постанала негова природа. Тој дури и ја засакал и сега не е реално способен да се служи со својот сопствен разум, бидејќи никогаш не му било допуштено да направи таков обид. Правилата и формулите, тие механички орудија на умот, заедно со злоупотребата на неговата природна обдареност, се окови на вечната незрелост. Оној кој би ги отфрлил, сепак би направил само несигурен скок преку ужасниот ров, со оглед на тоа дека не е навикнат на така слободен потег. Оттаму, има само малку од нив на кои им пошло од рака преку сопственото негување на својот дух да се избават од состојбата на незрелост и својот од да го направат посигурен.

- Реклама -