Неколку иритирачки реакции од пријател за пријател во неволја.
Погледнете кои се тие…
1. Ти реков јас дека така ќе биде
Позната шема на разговор … Секој од нас го доживеал и тоа и од двете страни – и во улога на тужител, и во улога на обвинет во случајот за праведност. И сите знаеме колку бесмислени и празни се овие зборови. Знаеме дека на никој начин не помагаат и дури може да предизвикаат посилна негативна реакција … А сепак продолжуваме во истиот дух.
2. Се е / ќе биде во ред
Покрај обвинувањата во серијата длабоки мисли, кои сме ги слушнале од пријатели / велеле на пријатели, влегува и апатичната ангелска манифестација. Добро, понекогаш „се е во ред“ може и да помогне. Во повеќето случаи, сепак на оној кој пати му доаѓа да вреска или да плаче уште повеќе од оваа манифестација на неосетливост, бидејќи очигледно нешто не е во ред и тоа нешто е толку големо и значајно, што ништо не го прави во ред, во конкретниот момент. Едноставно не помага. Чувството останува. А тоа дека работите во иднина ќе бидат подобри, нема посебно значење сега.
3. Така требало да биде
Не дека тоа како тврдење е погрешно, само кога те боли, не можеш да мислиш толку далеку во иднината – кога сè ќе биде зад твојот грб и веќе си се убедил во убавината на животот, дека секоја затворена врата не значи крај на светот, туку едноставно насочување кон безброј отворени врати итн. итн.
4. Мојата ситуација е полоша
Ужасно нервира разговор во насока „Ти си мислиш дека си лошо, ама знаеш јас пак сум во многу полоша ситуација …” Ова е можеби најнегативното од сите можни нешта кои можеш да ги чуеш од пријател.
Две искуства никогаш не се исти, односно паралелата меѓу нив е апсурдна и зборува за недостаток на разбирање, наместо за спротивното.
Кога се чувствувате лошо и се обраќате кон пријател, имате потреба од неговото внимание, од тоа истото да е насочено кон вас.
Бараме некој кој разбира, чувствува, насмевнува. Некој кој ќе предложи рамо, но и душа.