ZTE ја претстави официјално Nubia Z9 во Пекинг.
Смартфонот е со 5.2-инчен 1080р 2.5D панел, околу кој што има исклучително тенка рамка (само 0.8 мм). Таа е направена по специјална технологија и ја одразува сликата од екранот, создавајќи илузија на екран од крај до крај. Оваа рамка не е само дополнување на дизајнот, ZTE има развиено нов систем за интерактивни гестови.
Функцијата се нарекува FIT и им овозможува на корисниците да користат различни гестови прикажани подолу, како опција за тресење на телефонот два пати за фотографирање, подесување на осветлувањето и активирање на камерата. Овој систем има доста голем потенцијал и немаме трпение да видиме што ќе направат програмерите со него.
Остатокот од спецификациите на Nubia Z9 се исто така доста импресивни. Под хаубата се наоѓа 8-core процесор Snapdragon 810 на Qualcomm. Уредот ќе се нуди во три верзии – Classic модел со 3GB RAM и 32GB внатрешна меморија, како и Elite и Exclusive верзии со 4GB RAM и 64GB вградена меморија. ZTE Nubia Z9 е со димензии 147.38 x 68.34 x 8.94 mm, а за префинет изглед придонесува металната изработка.
Nubia Z9 доаѓа уште со Bluetooth 4.1, MHL 3.0 и NFC, а капацитетот на батеријата е 2900 mAh. Главната камера е 16-мегапикселна со бленда f / 2,0 и оптичка стабилизација на сликата. Предната е со 8 мегапиксели сензор од Sony со аголен опсег на објективот од 80 степени. Смартфонот е со последната верзија на интерфејс од ZTE, имено Nubia 3.0. Nubia Z9 е и со импресивниот AKM4961 Hi-Fi процесор и Dolby 7.1.
Друга карактеристика на Nubia Z9 е новата технологија на ZTE за читање на отпечаток. Таа е наречена TIO и ќе се нуди само во хај-едн верзиите Elite и Exlusive. Интересно е тоа што сензори ќе има како во Power копчето, така и оние за регулирање на гласноста. На овој начин ќе има неколку опции за отклучување на уредот.
Во Кина веќе почнаа прелиминарните нарачки за ZTE Nubia Z9. Смартфонот ќе се нуди во црна и златна боја.