Научете како да подготвите супер ќебапчиња и специјално лепче.
Состојки:
750 грама телешко месо
250 грама овчо месо
1 лажица сол
1 лажица вегета
1 лажица бибер
½ главица лук
1 лажица кајмак
Малку минерална вода
Задолжителни прилози:
Голема количина на буковец
Кајмак или ајвар, по желба
Потребни состојки за прелив за лепчето:
Зовриена вода
Малку говедско месо или говедска супа во коцка
Малку масло
Магдонос
Бел лук
Бибер
Подготовка на преливот:
Во еден сад ставете ги сите зачини, додавајќи го маслото, говедската супа и водата, оставајќи го сето тоа да зоврие.
Подготовка на ќебапчињата:
1. Исечете го месото на ситни парчиња и мелете го неколку пати, се додека не заклучите дека истото е подготвено за месење.
2. Во блендер иситнете го лукот, се со цел од него да се исцеди сокот, а потоа месото помешајте го со овој сок, заедно со зачините кои што ќе ги додадете по ваш вкус, како и со кајмакот и минералната вода. Добро измешајте ја смесата и оставете ја да потстои неколку часа во фрижидер… Се препорачува вака подготвената смеса да остане во фрижидерот во текот на една ноќ.
3. Започнете да го обликувате месото со помош на готварски шприц со додаток за ќебапи, но доколку го немате ова помагало во кујната, сето тоа можете да го направите и рачно. Ќебапчињата печете ги на скара, но доколку во домот немате скара, приготвувањето можете да го направите и во тава, со исклучително мало количество на масло.
4. Откако ќе завршите со печењето, врз месото истурете го преливот, притоа внимавајќи да оставите помала количина со која ќе ги премачкате лепчињата и истите потоа малку ќе ги запечете.