Крилца со зачини

Маринирани во сок од лимон, лук, бибер и трошки сува пиперка.

Состојки:

20 крилца

1 чешне лук

изронета пиперка

1 лимон

3 лажици соја сос

сол и црн бибер

4 лажици масло

4 пиперки (жолта и црвена)

250 г. коктел од домати

1/2 копар

1 кромид

150 г. кисела павлака

100 гр кисело млеко

2-3 лажици рен (тегла)

малку шеќер

Подготовка:

1. Измијте го месото, посолете и засечете ја кожата на неколку места, а потоа исецкајте го лукот. Лимонот добро измијте го, изрендајте и исцедете сок. Сето тоа измешајте го со лук, сос од соја, сол, бибер, ронетата пиперка и масло. Премачкајте го месото со маринада и оставете во ладилник неколку часа да се маринира.

Прочитајте и:  Сакате да ослабете здраво и брзо? Вклучете три зачини во вашата исхрана

2. Поминете ја со масло решетката од рерната и наредете ги крилцата. Ставете ја решетката во рерна на 15-20 минути, да се пече.

3. За салата исецкајте пиперки на широки стапчиња. За сос исецкајте копар и кромид и измешајте го со киселото млеко и павлака. Додадете рен, сол, бибер и шеќер по вкус. Сервирајте ги крилцата со сос, коктел и домат и пиперки.

 

- Реклама -