Секоја година има неколку водечки модели на смартфони кои ги дефинираат правилата и ги наметнуваат трендовите на пазарот.
Можеби не сте помислиле дека LG некогаш ќе биде во оваа група, но во последните две години Корејците направија многу, навистина многу, и го заслужија местото во редовите на “game changer” Smartphones.
Можеби ќе се запрашате со што или ќе го оспорите ова тврдење, но вистината е дека има многу нешта кои LG ги променија во своите модели и од последните позиции во светот на мобилни уреди, компанијата успеа да се издигне на топ листите и најмногу во очите на потрошувачите, кои не негуваа особено топли чувства кон нив пред само неколку години.
Телефонот има огромен 5,7 инчен HD екран (со добра резолуција од 1280 x 720 пиксели ), а под „хаубата“ се наоѓа quad-core Snapdragon 410 процесор со 64-битна архитектура, кој работи на 1.2GHz. Телефонот е опремен и со 1.5GB RAM, како и простор за складирање на податоци од само 8GB.
Овој телефон може да работи со MicroSD картичка со големина до 2 терабајти. Со тоа, моделот е првиот паметен телефон кој има простор за складирање на податоци со оваа големина.
Еве го новиот телефон.