Луѓето кои што користеле компјутери во деведесетите години, сигурно ќе погодат што претставува кругчето на фотографијата.
Компјутерите доживеаа вистинска експанзија во деведесетите години кога станаа составен дел од домовите ширум светот. Корисниците од тој период сигурно од прва ќе погодат што претставува кругчето на фотографијата.
Станува збор за составен дел од тогашните компјутерски мауси.
Имено, многу пред оптичките и ласерските глувци постоеа оние со топчиња. Топчето се наоѓаше на долната површина на маусот, ротирајќи при секое движење со раката, што овозможуваше промени на курсорот на екранот.
Корисниците на овие мауси, сигурно се сеќаваат дека понекогаш мораа да го отворат истиот, за да исчистат собраната прашина околу топчето, нешто што денес не мораме да го правиме повеќе.