Неодоливо слатко, создадено во домашната работилница.
Состојки:
200 мл. вода
750 г. шеќер
две кесички желатин
екстракт од банана (количината зависи од вкусот, па можете да ставите пола или цело шишенце)
100 г. чоколадо
Подготовка:
1. Зовријте ги водатата и шеќерот додека не почнат да пенат, па оладете ги. Додадете желатин изматен во малку вода, вратете на тивок оган и мешајте пет минути.
2. Тргнете го од оган и матете со миксер уште пет минути, па додаде екстракт од банани и уште малку матете со миксер.
3. Премачкајте калап (или тепсија) со масло и брзо сипете ја смесата, па премачкајте ја со глазура од растопено чоколадо и ставете ја во ладилник.
Напомена: Според овој рецепт бананите се прават во тепсија, а доколку најдете калапи можете да ги направите и во оригинален облик на банани или некоја друга форма по желба.