Безбеден и „згоден“ – Turing Phone е најголемата закана за Apple

Во денешно време заштитата на личните податоци во сајбер-просторот е нешто исклучително важно и тоа се однесува со голема сила како за компјутерите, така и за смартфоните.

Тие се користат од секој и за сè, вклучувајќи за плаќања и размена на какви било информации, па ако западнат во погрешни раце би можела да ви биде причинета голема штета.

За да се заштитите од сето тоа, постојат неколку опции –  да користите виртуелна приватна мрежа или пак да прибегнете кон употреба на Blackphone . Меѓутоа, една компанија сака да направи нешто слично со нов мобилен телефон, кој брзо ќе започне да добива предност благодарение на имиџот на најбезбеден паметен телефон на пазарот. И тоа не само софтверски, туку и хардверски. Станува збор за претстојното деби на Turing Phone на мултинационалната компанија Turing Robotic Industries Corp. (TRI)

t1

Имено, TRI планираат да му подарат  на светот апсолутно сигурен телефон. Ова е можно поради начинот на кој што тој работи. Благодарение на децентрализираната технологија за проверка – преку неа Turing Phone препознава други уреди од иста марка и овозможува размена на какви и да е податоци помеѓу нив (вклучувајќи и лични ), без опасност од истекување на информации, надвор од дозволените рамки. Turing Industries ја подобрија логиката на идентификациската базирана енкрипција – мастер клучот и уникатниот приватен клуч за енкрипција се однапред (и анонимно) вградени во телефонот. Ова звучи доста погодно за компании кај кои имаат голема размена на податоци помеѓу вработените.

Не сме завршиле со најинтересните работи. Покрај сето ова, Turing Phone е и многу здрав. Тој е првиот Liquidmetal телефон. Направен е од едно парче Liquidmorphium – легура од циркониум, бакар, алуминиум, никел и сребро, кои заедно се повеќе здрави дури од челик и титаниум. Легурата е многу отпорна и овозможува производство со речиси нула загуба. Преку облеката, Turing Phone ќе биде заштитен од кршење, гребнатини и што уште не, па многумина со нетрпеливост ги очекуваат краш тестовите.

На крајот на краиштата нема објавени цени или точен датум на премиерата, ниту пак знаеме нешто повеќе за Turing Phone. Компанијата производител, која е со седиште во Сан Франциско и Шенжен, Кина ветува дека ќе го видиме ова лето.

- Реклама -