Најголемите секс тајни на мажите

Погледнете кои се нивните скриени тајни, стравови и потреби.

Се плаши да не се претстави лошо во кревет

Мажите се под зголемен притисок дали ќе ги задоволат барањата како љубовници. Ова може да ги направи прилично нервозни и чувствителни. Ако сексот не е добар, има веројатност дури и да ве обвини вас, за да го спаси своето его. Во никој случај не му се смејте, не го навредувајте и не го напаѓајте директно и веднаш, ако не ги исполни очекувањата во сексот.

Мажите имаат потреба од признание за своите сексуални вештини

Најголемиот дар кој може да му направите е да го пофалите колку е добар љубовник е. Не се шокирајте, ако дури и сам си измоли комплимент. Потребен му е! Ако не го охрабрите за време на самиот чин и не му зборувате мило, може да го уништите целото задоволство во креветот.

s1

Мажите мразат да чекаат премногу долго

Некои жени го користат сексот како казна, други за да ја зголемат желбата за себе. И сепак заборавете за оние глупави правила – “Ќе почекам 6 месеци и тогаш ќе имаме секс!”. Ако сакате навистина да имате врска со овој човек, не го држете во тензија долго, нема да ве чека.

И мажите имаат комплекси за нивното тело

Да, тие не си ги бројат килограмите како жените, но нискиот раст и ќелавоста длабоко ги загрижуваат. Дури и да не паѓаат на овие работи, не ја почнувате оваа тема во кревет, бидејќи веднаш ќе го убиете неговото либидо.

Повеќето мажи не простуваат неверство

Господата кои веќе носеле рогови, се исклучително чувствителни на неверството. Ако разберат дека постојат неверства, шансата да ве избришат од својот живот засекогаш, е голема.

seks-25

- Реклама -