Најлошите страни на хороскопските знаци

Хороскопот што обично го читате во најголем дел ви ласка и ги потенцира вашите добри страни. Овој е малку поинаков. Овде ќе ви изнакажеме нешта кои нема да бидат пријатни за слушање и од кои најмногу треба да се срамите. Сфатете го тоа како конструктивна критика.

 

ОВЕН
Вашето мото всушност е „Веднаш, сега, веднаш!“. Брзате и сте многу нестрпливи. Ако не е ваша идеја, тогаш не ви е ни важна. Знаете да бидете страшно незрели.

БИК
Посесивни сте, а патем сте и материјалист и не знаете да делите. Тврдоглави сте. Вие ќе речете дека сте хедонисти, ние ќе речеме дека сте мрзеливи.

БЛИЗНАЦИ
Толку сте специфични што соговорниците не знаат да се снајдат со вас. И не, тоа не е комплимент. Сакате да го слушате својот глас и постојано упаѓате во туѓиот разговор, сред реченица. Имате толку многу хобија што на ниту едно не сте посветени до крај.

РАК
Постојано го менувате расположението. Превнимателни сте и плашливи. Чувствителни сте и секоја ситница може да ве повреди.

ЛАВ
Толку се сакате себе си што просто не одолевате на ништо што го има вашиот одраз. Ако сакате нешто, сé ќе направите за да го добиете. Желбата да се биде во центарот на вниманието може да биде проблематична – никој не сака такви што мислат дека се центарот на универзумот.

ДЕВИЦА
Осудувате сé околу себе, а луѓето секогаш се на штрек дека ќе ги земете „на пик“. Знаете да ситничарите и да им префрлате на луѓето за секакви глупости. Имате „дарба“ да бидете крајно песимистични и да ги повлечете сите околу себе во бунарот со негативно расположение.

ВАГА
Баш сте неодлучни и вистински пекол е за другите да се договараат за било што со вас. Склони сте кон тоа да ги погазите своите принципи, само за да го одржите мирот во односот со другите. Вашата фасцинација со убавината веројатно прави да поминувате ненормално многу време во средување и разубавување пред огледалото.

ШКОРПИЈА
Осветољубиви сте и спремни да му го загорчите животот на секој што ќе ве повреди. Вашите манипулаторски способности можат сериозно да го нарушат туѓото ментално здравје. Причината никогаш не е тоа што сте „станале на лева нога“ – секогаш се работи за длабоко чувство на јад и душевна болка.

СТРЕЛЕЦ
Искрени сте до мера што звучите како некого да сакате да повредите. Сакате да се преправате дека баш сé знаете. По правило, ако не правите нешто ново и возбудливо, смртно се досадувате.

ЈАРЕЦ
Толку сте опседнати со контрола што не го разбирате поимот „опуштеност“. Спремни сте да ги искористите другите за сопственото напредување, и тоа без двоумење и каење. Уживате да зборувате за негативни нешта и се храните со негативна енергија.

ВОДОЛИЈА
Сакате да мислите дека сте објективни и рационални, што најчесто се манифестира со избрзување и осуда кон другите. Сонувате и живеете во некој свој свет, па се чини дека сте индиферентни и студени кон сé друго. Не го ни сослушувате соговорникот, ама тоа не ви е проблем да му наметнете свои совети.

РИБИ
Сакате да се препуштите на животните околности, па често ја испуштате контролата врз сопствениот живот. Често ги превидувате туѓите потреби. Од друга страна, пак, сте многу сте наивни.

- Реклама -