Запознајте ја Кармен Дел’Oрефиче, која работи како модел на 84 годишна возраст.
Кармен има позирано за најпознатите списанија во светот, а воедно станува и познато лице на рекламните кампањи.
Кармен започна со моделирање на возраст од 15 години, кога се појави на насловните страници за Вог и Харпер Базар, и од тогаш не се раздели со својата кариера, ни за миг.
Таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како модел со најдолга кариера.
Можеме само да и се восхитуваме на оваа неверојатна жена и да и посакаме здравје, сила и инспирација.
Низ годиниве таа му покажува на светот дека треба да веруваме во себе, да не се срамиме од својата возраст, да прифатиме се што нуди животот и да уживаме во секој момент. Ова е магијата и еликсирот на младоста.