Што е послатко – шопинг или секс?

Еуфоријата за време на купувањето на нештата што ви се допаѓаат, дава подеднакво добро чувство како кога имате секс, тврдат научниците од Универзитетот во Мичиген.

Тимот од научници откри дека истиот дел од мозокот се активира во моментот на пронаоѓање некои добри понуди, како и за време на сексот.

Користејќи ја технологијата на следење на фацијална експресија, 30 годишна жена отишла на шопинг во омилениот бутик. За тоа време, носела специјален уред што ја следел реакцијата на нејзиниот мозок и го мерел нивото на задоволство што го чувствувала.

Врвот го достигнала откако пронашла панталони кои долго посакувала да ги купи.

„ Одлучивме да и го следиме мозокот, а не личноста. Имавме неколку испитаници кои ги испративме во продавници и ја следевме активноста на нивниот мозок. Откривме дека некои суптилни емоции управуваат со нашето однесување во текот на купувањето“, вели лидерот на студијата Скот Рик за американскиот ABC Nightline.

Сепак, доколку издвоите премногу пари на некои работи, можно е да искусите сосема спротивни ефекти, велат истражувачите.

sex21111670x0_1429169151_670x0

- Реклама -