40 милијардери ќе донираат половина од своето богатство

ГејтсБил Гејтс, човекот за кого бевме убедени дека е злобен гениј, се чини дека свртел нов лист во животот. Тој, во соработка со Ворен Бафет, успеал да убеди четириесетина милијардери да донираат половина од своето богатство во добротворни цели.

Бил Гејтс, човекот за кого бевме убедени дека е злобен гениј, се чини дека свртел нов лист во животот. Тој, во соработка со Ворен Бафет, успеал да убеди четириесетина милијардери да донираат половина од своето богатство во добротворни цели.

Бил ГејтсПреку својата фондација, Бил Гејт започна проект заедно со Ворен Бафет, наречен „Проект заклетва“. Тие ги убедуваат милијардерите од листата на 400 најбогати Американци, да дадат ветување дека половина од своето богатство ќе го донираат во добротворни цели. Фондациите и каузите за кои ќе ги отстапат средствата останува сами да ги одберат.

До моментов, 38 милијардери веќе дале таква заклетва за откажување од 50% од целиот имот. На листата се имињата на: Лери Елисон (основач на Oracle), Џорџ Лукас, Бери Дилер (од IAC), градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг и многу други.

Иако овој проект не ги обврзува милијардерите да се откажат од половина од богатството, доколку во оваа акција се придружат сите 400 најбогати Американци (и притоа си го одржат зборот), добротворните организации ќе бидат побогати за околу 600 милијарди долари. [More Billionaires Sign the Gates-Buffett Giving Pledge]

- Реклама -