Пилотот што го урна авионот бил во депресија

Германската полиција открила важна индикација во домот на копилотот Андреас Лубиц, кој се смета за виновник за несреќата на авионот на компанијата Germanwings, пишува весникот „Дејли мејл“.

Детективите изјавиле дека дошле до важно откритие за време на четиричасовниот претрес на неговиот стан, но дека тоа не и става крај на истрагата.

„Синоќа полицијата изврши претрес во домот на семејство Лубиц во малото гратче северно од Франкфурт и во неговиот стан во Дизелдорф, запленети се компјутери, лаптопи и други материјали”, наведува весникот.

270596F000000578-3013743-German_detectives_were_also_pictured_carrying_what_appeared_to_b-a-27_1427413008544

Пилотот живеел во неговиот стан, но повремено и во куќата на своите родители.

„Откривме нешто што ќе биде итно доставено на испитување. Сега не можеме да кажеме што е тоа, но тоа може да биде многу важен клуч за она што се случило.”, изјавија од полицијата.

„Дејли мејл” наведува дека пилотот бил во период на депресија. Вкупно година и половина тој посетувал психијатар, пишува германскиот таблоид Bild, повикувајќи се на извори во Lufthansa – компанијата мајка на Germanwings. Неговите најблиски велат дека бил многу почитуван и одговорен и не веруваат дека тој можел да причини катастрофа од вакви размери.

2704FEFF00000578-3013743-Recovery_A_rescue_worker_is_lifted_to_a_helicopter_with_what_app-a-32_1427413009226 2704D44200000578-3013858-Teams_working_in_the_difficult_terrain_clear_scattered_crash_deb-a-2_1427415814460

Лубиц ги прекинал студиите неколку месеци. Bild тврди дека причината за ова биле психичките проблеми кај копилотот. Според весникот, поради депресијата тој имал проблеми со учењето во училиштето на Lufthansa во Феникс, САД, дури и привремено бил класифициран како неспособен за летање. Во неговото досие во федералната управување за цивилна заштита имало забелешка дека му се потребни „специјални и редовни медицински прегледи.“ Истата забелешка фигурира и во неговата лиценца за пилот. Но и покрај тоа службите тврдат дека тој на последните психолошки тестови покажал способност да лета.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

2700F0B100000578-3013743-image-m-18_1427449109231

Инспекторите сметаат дека вината за несреќата на 24 март е на Андреас Лубиц, кој бил сам во кабината, откако неговиот колега излегол за да изврши нужда. Лубиц ја заклучил пилотската кабина, за да го спречи пилотот потоа да влезе внатре. Пилотот најпрво го молел да ја отвори вратата а потоа се обидел и да ја разбие. Сепак, се се лучувало премногу брзо,  а Лубиц веќе  запопочнал да ја намалува висината и најпосле да се урне на француските Алпи.

Еве и краток приказ за тоа како се одвивале настаните.

XXX_A320 cockpit GRAPHIC.1

16 тинејџери, две бебиња и татко на две деца: Жртвите на несреќниот лет на германскиот авион

Главниот извршен директор на Germanwings Томас Винкелман изјави дека оние кои загинале биле од најмалку 13 различни земји. За 72 германски државјани и 49 луѓе од Шпанија засега е потврдено дека биле на листата на патници во авионот.

Конфузијата околу бројот на патници и земјите од кои што потекнуваат, настана поради тоа што дел од нив имале двојно државјанство.

Вкупно 150 лица го загубија животот во оваа несреќа.

2706948E00000578-3013743-image-m-80_1427423260164 2706941A00000578-3013743-image-m-86_1427423460290 2704FC5C00000578-3013858-image-a-23_1427416777554 27069B7700000578-3013743-image-m-83_1427423287204

 

- Реклама -