И оваа седмица на репертоарот на Кино Милениум, во 20 часот ќе игра филмот „Ќе бидеме светски прваци“, од продуцентот на најгледаната српска филмска и ТВ сага „Монтевидео“, фирмата „Intermedia Network“.
„Ќе бидеме светски прваци“ е приказна за четири пионери кои ја основале Југословенската школа за кошарка и се заслужни за развојот на овој спорт во Европа – Небојша Поповиќ (Страхиња Блажиќ), Борисав Станковиќ (Александар Радојичиќ), Радомир Шапер (Милош Биковиќ) и Александар Николиќ (Марко Јанкетиќ).
Централното случување е финалниот натпревар на Светското првенство во Љубљана, 1970 година, помеѓу тимовите на Југославија и Соединетите Американски Држави.
Погледнете го целиот репертоар на следниот линк.