Боинг штотуку патентираше своја верзија на енергетските штитови во „Војна на звездите“.
Во филмот, енергетските штитови се треперливи енергетски полиња што ги блокираат ласерските напади и експлозии. Штитот на Boeing делува уште пофутуристички. Компанијата патентираше систем кој испукува ласерски бранови или топки во правец на блиската експлозија, а потоа испукува огромен електричен лак по должината на „патот“ креиран од ласерите. Ова резултира со слој од енергија, за кој се очекува дека ќе ги одбива шок-брановите од блиските експлозии.
Боинговиот енергетски штит би можел да биде имплементиран во разни воени возила, па дури и згради, кои би ги штител од напади и експлозии.
Во патентот се наведува: „Наведениот механизам може да ја редуцира енергетската густина на шок-бранот со тоа што ќе креира посредник и пречка на патот на експлозијата, кој ќе рефлектира, прекрши, апсорбира и одбие барем дел од експлозивниот шок“.