Од малините се подготвуваат колачи, пудинзи, јогурти, може да се цедат сокови или да бидат одличен додаток во овошни салати.
Состојки:
Кора:
400 г. пишкоти
200 мл. сок од малини
Крем:
5 жолчки
20 лажици шеќер
10 лажици брашно
500 мл. млеко
250 г. маргарин
500 г. малини
350 мл. слатка павлака
Подготовка:
Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот и кога смесата ќе се удвои, додадете брашно и измешајте.
Загрејте го млекото, сипете ги изматените жолчки и ставете на оган со постојано мешање додека не се згусне.
Оладете го кремот, а потоа додадете го пенасто изматениот маргарин.
Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг.
Пишкотите потопете ги во сокот од малини и редете по калапот (како тараба). Распоредете го филот, наредете ги малините и прекријте ја тортата со шлаг.