Постои причина за тоа зошто ова видео трае помалку од три минути. Овој туторијал во кој е употребено шише од пиво е лесен и брз начин да направите нешто ново и практично за вашата кујна.
Преку едноставен „направи сам“ проект, се надеваме дека ќе ве поттикнеме да ги искористите старите стаклени шишиња на најдобар можен начин. Имено, за кратко време можете да ги претворите во стаклени чаши.
Иако звучи комплицирано, сепак, видеото подолу ќе ви покаже дека тоа воопшто не е така.