Нани: Роналдо лаже!

Португалскиот репрезентативец Нани, му возврати на Кристијано Роналдо, кој истакна дека ја почитувал одлуката на селекторот Паоло Бенто да го шутира петтиот пенал против Шпанија, што на крајот и не дочека да го стори.

Претходно, Цеск Фабрегас го постигна решавачкиот погодок за триумф на Шпанците (4:2) на пенали, а Роналдо остана без шанса да го изведе ударот. Но, Нани вели дека Роналдо сакал да шутира петти за да ја собере целата слава за него.

„Кристијано, немој да лажеш. Не е вистина дека ти беше сеедно кој пенал ќе го изведуваш, туку ти го побара петтиот, мислејќи дека ќе бидеш последен, за да ја собереш сета слава на овој свет. Но, тоа ти се удри од глава. Јас реков дека прифаќам да изведувам пенал според редоследот на селекторот, затоа што и онака мислам дека пеналите се чиста среќа. Мислам дека не заслуживме да бидеме елиминирани на тој начин од Шпанија“, изјави Нани, „пецкајќи“ го својот капитен.

- Реклама -