Погача од свекрвата

Овој рецепт го носи изворно насловов поради обичајот свекрвата да носи погача на денот на венчавката, кога се оди по невеста.

Денеска ве учиме како да подготвите „свадбарска погача“ на еден стар и традиционален начин.

Состојки:

1 коцка квасец

400 мл. млеко

100 мл. вода

1 чаша јогурт

1 лажица шеќер

2 лажици сол

4 јајца

7 лажици масло

250г. маргарин

по потреба брашно

ленено семе и семки од тиква

Подготовка:

1. Во млако млеко ставете квасец, шеќер и малку брашно да надојде. Во сад за мешање изматете 3 јајца + една белка од јајце, сол, јогурт, 5 лажици масло, вода, додадете го надојдениот квасец, па постепено додавајте брашно и месете глатко тесто, кое ќе го оставите да расте. Тестото поделете го на 5 еднакви топчиња и една помала.

1

2. Секоја топка растегнете ја до големината на чинијата, па едно врз друго растегнатото тесто премачкувајте го со маргарин и посипувајте брашно.

2

3. Потоа оформете една округла кора и исечете ја на 8 триаголници.

3

4. Од триаголниците правете кифли, а потоа секоја од нив пресечете ја на половина.

4

5. Во округла тепсија, премачкана со масло, секоја кифла со широкиот дел редете ја во круг.

5

6. Од остатокот на тестото оставено на страна, со чашка вадете кругови и од нив формирајте цвет на средината од погачата.

6

7. Кога тестото ќе ја пополни тепсијата, премачкајте ја со изматена жолчка со 2 лажици масло. Посејте ја мешавината од семки.

7

8. Печете додека не добиете златно – жолта боја.

8

Наздравје 🙂

- Реклама -