На неодамнешниот настан Apple конечно откри еден од најважните елементи поврзани со првиот паметен часовник на компанијата.
Тоа беа датумот на пуштање на пазарот, цените, апликациите и батеријата.
Многумина беа изненадени од цената што Американците ја поставија за овој уред.
Прочитај повеќе: Цените на Apple Watch достигнуваат до 10 000 долари
1. Која е користа од еден паметен часовник?
Часовникот секогаш бил актуелен додаток и беше прашање на време кога технолошките компании ќе се насочат кон овој пазар и ќе внесат малку иновации во него. На прво место постои фактот дека скоро секој има, или имал, барем еден убав часовник, на второ место е фактот дека веќе навикнавме на тоа постојано да добиваме известувања и да бараме најзгоден начин да сме секогаш во тек со случувањата. Тоа е формулата која е вкоренета кај носечките уреди. И тие, како и секоја друга новина, ќе се борат за удел, но при добар развој, можат да бидат исклучително корисни.
Не смееме да заборавиме дека при лансирање таблетите однапред беа осудени и во очите на сите тие беа исклучително непотребни и бескорисни. Но времето покажа дека и тие успеаја да заземаат сериозна позиција на пазарот. Зошто тоа да не се случи и со најпаметните часовници? Она што е интересно кај Apple Watch се можностите кои ги нуди за време на вежбање. За останатото сосема спокојно можете да го користите вашиот смартфон. Не дека и тој нема како да се вметне во вашиот физички активен дел од денот, но часовникот е многу покомпактен и удобен. Оваа технологија има потенцијал и допрва ќе го видиме нејзиниот развој, но веројатно слични гаџети, ќе бидат најцелосни, ако се користат самостојно, односно корисниците ќе гледаат нешто различно во нив, што не можат да го добијат на друго место.
2. Цени за сите
Apple не сака да го наметне Apple Watch како уште еден технолошки уред. Компанијата сака да ја освојат модната индутрија, каде тој навистина има место. Убавите и скапи часовници се имено стилски додаток на вашиот изглед. Темата за цените на Apple Watch ќе биде долго дискутирана и најверојатно повеќето корисници ќе бидат шокирани токму од нив, но Apple понуди алтернатива во лицето на трите модели (со помал и поголем износ) од серијата и тоа не треба да се занемарува.
Имаме Apple Watch Sport, кој сигурно ќе биде најкупуван, бидејќи е најевтин. Тој ќе биде опција за сите оние кои сакаат да се здобијат со новиот уред на Apple, но немаат можност да дадат пари за поскапата верзија Apple Watch, кој пак е стилска и го отелотворува она што треба да биде еден часовник. Тој е за оние кои сакаат софистициран производ, но не можат да си дозволат Apple Watch Edition. Последниот пак е со 18 каратно злато и цените ќе почнат од 10 000 долари. Тоа значи дека тој ќе се бори со брендови како Rolex, а ќе се нуди само во одредени продавници. Тука се цели кон ексклузивност, но колку ексклузивен може да биде еден часовник, кој е практично по функции сличен на во себе еден iPhone? Милиони имаат iPhone и ќе им биде потребно многу повеќе од 18 карати злато, за да се постигнат целите на Apple.
3. Tехнологии + мода = Apple Watch
Се разбира, ќе има такви кои ќе го сакаат и Apple Watch Edition, бидејќи можат да си го дозволат и сакаат да имаат премиум производ. Луѓето даваат повеќе пари за каде-каде повеќе нелогични работи, но тоа не е тема за дискусија, бидејќи секој сам проценува за што да потроши свои пари. Тука поинтересен е фактот што Apple е сериозно насочен кон модната индустрија. Можеби првите индикации за тоа дојдоа уште со iPhone 5s и убавата златна боја. Ова е една од новите карактеристики на уредите на Apple и последниот MacBook исто го докажува тоа. За паметни телефони и лаптопи тоа е ок, но каква е ситуацијата кога станува збор за Apple Watch?
Apple е една од највисоко оценетите како и најпочитувани компании во нашата сегашност, но територијата во која влегува е нова за производителот. Да се исправиш против компании како Rolex, Patek Philippe, Vacheron Constantin и други, е доста голем предизвик и покажува сосема нова стратегија. Но Apple ќе се бори со овие титани со сосема нов производ, во сосема друга категорија. Да, Apple Watch е часовник, ги покажува времето, датумот и сл, но тој е технолошки уред кој го собира смартфонот на зглобот. Приказот беше само почеток и програмерите сигурно ќе се изненадат со доста апликации направени специјално за Apple Watch.
4. Сите го мразат, сите го имаат
Тоа е закон кај уредите на Apple. Кога се пушта нешто ново, тоа обично е предмет на сериозни критики, но на крајот конечно повеќето корисници го купуваат. Не беа сите фанови на златната боја кај iPhone, но факт е дека тој најмногу се купуваше, а потоа останатите компании исто видоа потенцијал. Самите телефоните на Apple исто така не се миленици на сите, што е сосема нормално – секој човек си има вкус и на пазарот има доволно предлози кои ќе одговорат на повеќето фантазии. iPhone 6 се соочи со скандалот #bendgate, но конечно Apple сепак забележа рекордни приходи и продажба. iOS 8 исто така беше премногу шарена за некои, но пак е веќе факт и Lollipop. Така ќе се случи и со Apple Watch. Apple веќе има доволно голема база на корисници, со која ќе започне. Голем процент од сопствениците на iOS производот ќе посакаат и Apple Watch. За корисниците на Android тоа е потешка опција, бидејќи значи промена на целиот екосистем, но пак и кај Android Wear има одлични претставници, како Moto 360 или LG G Watch Urbane.
Apple Watch ќе биде префериран од неколку типа на луѓе:
– Фановите на технологијата и конкретно на Apple
– Сопствениците на iOS производ, што се поврзува со првите
– Љубителите на модата и оние кои сакаат да го поседуваат најскапото
– Ќе гледаме паметни часовници на Apple, на рацете од доста познати личности. Употребата на супермоделот Кристин Тарлингтон Барнс е првото навестување за тоа.
На крајот ни треба ли Apple Watch? Ова прашање е слично со тоа дали ни треба таблет и ни треба ли паметен телефон? За некои овој, како и сите останати, паметен часовник ќе биде корисен асистент во секојдневниот живот, за други тој ќе биде целосно непотребен. Apple секогаш знае како да ги наметне своите производи. Се е прашање на време.