Најмалку десет лица загинаа во судар на два хелихоптери во Аргентина, од кои осум се Французи, а леталото го пилотирале Аргентинци.
Според наводите на официјални лица од провинцијата Ла Риона, каде што се случила несреќата, хелихоптерите експлодирале во воздухот после меѓусебниот контакт.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд потврди дека меѓу настраданите е олимпијската шампионка во пливање Камил Муфа (25), боксерот Алексис Вастен и едриличарката Флоренс Арто.
Тие учевствувале во снимање на реална емисија „Dropped“ што требало да се емитува на телевизија подоцна оваа година.
Иако според првичните информации меѓу патниците биле и пливачот Алан Бернад и поранешниот фудбалер Силван Вилтор, тие непосредно по несреќата се огласија на социјалните мрежи.
Надлежните ги истражуваат причините за несреќата, а според неофицијалните информации, исклучена е можноста временските услови да влијаеле на експлозијата на хелихоптерот.