Ова се најканцерогените намирници кои морате да ги избегнувате

После детален преглед на повеќе од 7000 клинички студии кои ја истражуваат врската меѓу храната и ракот, Светскиот фонд за истражување на рак објави дека потрошувачите би требало да престанат со конзумирање на одредени производи до крајот на животот.

Месни преработки

Дименото, соленото или било кое друго месо кое содржи хемиски конзерванси, се поврзува со зголемениот ризик од рак на дебелото црево.

Газирани пијалоци

Тие содржат огромно количество калории, шеќери и разни други состојки кои немаат никаква хранлива вредност.

salty-chips

Чипс

Преполни се со транс-масти, односно хидрогенизирани билни масти, јаглехидрати, ароми, бои и конзерванси. Тие можат да бидат и причина за запушувањето на артериите. Високата температура на која чипсот се пече е главна причина за создавање на канцерогени ткива.

Пуканки во микробранова

Според многу истражувања. хемикалиите кои се наоѓаат во внатрешноста на опаковката, вклучуваат и перфлурокранска киселина, која се поврзува со неплодноста кај луѓето. Исто така, истражувањата откриваат дека хемикалиите предизвикуваат појава на рак на црниот дроб, панкреасот и тестисите.

Вештачки „израснат“ лосос

Тој не само што содржи многу помали количини на витамин Д во однос на лососот од природните средини, туку има и огромно количество на разни загадувачи, како што се полихлорирани бифенили и канцерогени пестициди.

Apples

Јаболки и други видови на „валкано“ овошје

Звучи чудно, но јаболките се сметаат за плодови кои содржат најмногу пестициди. Затоа, темелно измијте ги и отстранете ги лушпите пред да ги јадете.

Конзервирани домати

Внатрешноста на пакувањето на повеќето конзервирани оброци содржи бисфенол А, хемикалија која дејствува како естроген и ја нарушува хормоналната активност на организмот. Истражувањата покажале дека оваа хемикалија е поврзана со срцевите болести, оштетените црева, неплодноста и други репродуктивни проблеми.

- Реклама -