iPhone 6S и 6S Plus може да се со 2GB RAM и Apple SIM

Kон крајот на оваа година треба да ги видиме следбениците на најновите смартфони од Apple – iPhone 6S и 6S Plus. Што ново можеме да очекуваме кај нив?

Наводно, анонимен извор, запознаен со идните производи на компанијата издаде неколку изненадувања што може да се испостават вистинити, со оглед на тоа што и порано обезбедувал веродостојни информации на оваа тема.

Според неименуваниот извор, Apple планира да направи сериозен скок со зголемување на RAM меморијата на уредите на 2GB.

Последното зголемување на капацитетот на оперативната меморија во уред на Apple се случи во 2012 со iPhone 5. Потоа  следеше iPad 3, кој беше со 1GB RAM меморија, а сега iPad Air 2 е со цели 2GB. Па можеби зголемувањето на меморијата и кај новите идни iPhone е логичен чекор. Ова, се разбира, би довело до повеќе мазен мултитаскинг, но и пократок век на батеријата.

Имајќи ги предвид претходните активности во таа насока на Apple, најверојатно тоа ќе се случи, но ќе претстојат и многу други промени.

Ова сепак не е сè. Гласините сугерираат исто така дека најверојатно iPhone 6S и iPhone 6S Plus ќе бидат со вградена Apple SIM, која беше претставена минатата година со iPad Air 2. Ова звучи чудно и малку веројатно, со оглед на тоа штоа ваквата промена овозможува да изберете оператор од претходно склучен договор со Apple директно од Settings менито, без договор и со можност да го замените со друг, кога сакате. Како ви звучи тоа? Кој оператор би се согласил да биде овозможена услуга без договор и да се откажете од него, кога ќе посакате? Единствената опција е iPhone-ите да се продаваат од оператори, да се заклучени и со обични SIM картички, а оние купени од Apple да се со Apple SIM.

Има време да дознаеме. А дотогаш очекувањата се премиерата на новите смартфони од Apple да биде некаде околу септември, со тоа што ќе почнат да се продаваат неколку недели потоа. Издржете.

- Реклама -