Вистината за жените и лошите момци

Нема жена која барем еднаш во животот не се запрашала што има во лошите дечки и нивниот шарм. Имено, во љубовната историја многумина од жените имале барем еден бунтовен фраер, на кој ниту една мајка не би му дала „зелено светло“.
Иако нема жена која не сака мажот да ја третира со почит и љубезност, некако им се случува под кожата да се вовлече дрзок фраер кој излегува од рамките на доброто однесување.

Тоа се мажите кои испраќаат двосмислени пораки, мажите кои неретко оставаат да ги почекате, мажите кои се склони кон флерт, поради кои се отвора прашањето дали се заљубени, или само си се забавуваат? Веројатно на сите жени им се појави слика од барем еден таков маж кој ги полудел во одреден период од животот.

Ви претставуваме три главни причини за симпатиите на жените кон лошите момци.

Харизма

Лошите дечки секогаш знаат што да кажат и како да се вовлечат по кожа. Дрскиот поглед на заводник со одличната техника на заведување се неговото моќно оружје, кое за момент успева да покори. Без разлика дали дели комплименти или користи малку дрзок начин на комуникација, секогаш постои желбата повторно да го сретнете.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Неговата недостапност

Тие секогаш се помалку достапни. Иако многу жени сакаат да организираат таспоред и некој континуитет при средбите, всушност недостапноста им создава предизвик да го освојат. Неговите обврски со работата и пријателите може да оди на живци, но истовремено и да привлече.

Предизвик

Лошите момци не „скокаат“ на секоја женска молба. Што се однесува до нив, жените не се секогаш во право. Тие возвраќаат удар кога им се спротивставувате и предзивикуваат емоции и страст. Тука се појавува и предизвикот.

Во сето ова има еден голем недостаток, а тоа е краткорочноста на односот. Жените може да полудат по ваков маж, но потоа да се откажат барајќи некој кој ќе им посвети целосно внимание.

 

- Реклама -