Популарната кукла Барби е на пат да им се допадне на децата на 21. век, благодарение на нова стратегија, која ќе ја наполни со технологија, пишува ВВС.
Компанијата Mattel има склучено договор со младата американска компанија ToyTalk за создавање на куклата Jello Barbie, која ќе биде опремена со WiFi конекција и ќе разговара со децата.
Најнапред Mattel ќе ја создаде самата кукла, по што ToyTalk ќе вгнездуваат во неа технологија за препознавање на гласот на сопственикот.
„Она што девојчињата од целиот свет го сакаат најмногу е да разговараат со своите кукли Барби”, вели портпаролот на Mattel.
„Сега за прв пат во историјата веќе ќе може да водите дијалог со Барби “.
Куклата ќе биде опремена со микрофон, звучници и два LED индикатори, тактично скриени во нејзиниот ѓердан. Батериите во неа имаат капацитет за најмалку еден интерактивен час, по што ќе биде потребно полнење.