Иако изјавата „те сакам“ се чини како најмоќната реченица на светот, онаа која сите сакаме да ја слушнеме како доказ на љубовта, сепак постојат некои реченици кои повеќе би сакале да ги чуеме.
Изјавата „Те сакам“ ни дава надеж дека во нечие срце имаме место, дека сме важни во неговиот живот. Најчесто ова е фразата која ја користиме на почетокот на врската, а со неа покажуваме допаѓање за нечие однесување, изглед, сите добри, помалку добри, совршени или несовршени мали нешта кои го сочинуваат еден човек.
Сакаме да бидеме сакани, но уште повеќе сакаме кога љубовта се покажува преку конкретни примери. Заради тоа многу повеќе од самата фраза „те сакам“ кажуваат некои други изјави кои укажуваат дека за успешна врска е потребно многу повеќе од љубов. Ви претставуваме шест моќни изјави кои во одредени моменти сакаме да ги слушнеме и повеќе од само те сакам.
1. Ќе ти простам
– ќе ти ги простам ненамерно изговорените зборови по напорниот ден.
– ќе ти ги простам сите оние ситуации во кои не сме биле свесни дека сме се повредиле еден со друг.
– ќе ти простам сите големи и мали нешта.
2. Ќе се жртвувам
– ќе го жртвувам своето време за нешто што ти сакаш да го правиш.
– ќе останам покрај тебе додека се грижиш за нашето бебе иако рано наутро треба да одам на работа.
– ќе направам нешто убаво за тебе бидејќи си настинат/а.
3. Ќе те почитувам
– ќе те почитувам за тоа што си.
– ќе ги почитувам твоите чувства, мислења, верувања и личност.
– ќе ги почитувам твоите желби и соништа.
4. Ќе те поддржувам
– секогаш ќе те чувам.
– можеш на мене да се потреш и секогаш ќе се грижам да имаш сè што ти е потребно.
– кога ќе паднеш ќе ти помогнам да станеш.
5. Ќе те штитам
– ќе ја штитам нашата љубов.
– ќе нè штитам од оние кои не ни мислат добро.
– ќе бидам твое засолниште, сигурна рака.
– ќе бидам некој на кој ќе можеш секогаш да веруваш.
И додека во идеалниот свет овие изјави треба да доаѓаат во пакет со љубовта кон некој кој го сакаме токму поради недостатоците, почитувањето и простувањето, ние на крајот сепак ги забораваме. Важно е да останеме со луѓето кои ни простуваат, кои не поддржуваат, кои не дигаат кога паѓаме, кои се многу повеќе од самото „те сакам“.