Камион трансформиран во ексклузивен дом со соларни панели

Возилата претворени во домови стануваат вообичаена појава во последните децении.Тие често се пример за ефикасен дизајн. Камионот кој ќе ви го презентираме на фотографиите е пример како можете да комбинирате прекрасен дизајн и еко стандард.

Овој дом на тркала, импресионира со замислата и е дело на Џозеф Тајер. Истиот го комбинира концептот за еколошко усогласен дом, современ ентериер, нови технологии и чувство на удобност.

6(707)

 

Идеален е за инстантно сместување и експлоатација. Соларните панели на покривот го снабдуваат  домот на тркала со целата енергија која му е потребна.

Камионот се продава за 225 000 долари. Да, цената не е воопшто ниска, но сепак проектот оди со неколку плусеви. Прво, домот е исклучително убав и мобилен. Второ, нема потреба да плаќате месечни сметки.

Погледнете го детално и замислете колку е добро да се поседува нешто слично.

7(628) 5(843) 4(940) 3(1020) 2(1071)

- Реклама -