Еве зошто не треба да го исклучувате компјутерот

Било заради еколошки или економични причини, поголемиот дел од нас не ни помислуваат да го остават компјутерот вклучен додека не го користиме. Но, таквиот пристап може да се покаже како прилично добар потег.

Имено, според експертите од Geek Squad, ако го оставите компјутерот да работи цел ден, всушност може да трае многу подолго. Тие тврдат дека ваквата идеја не е мит, а не е ниту застарена. Уклучувањето и исклучувањето на компјутерите дефинитивно ги истоштува компонентите на машината.

Ако го користите компјутерот повеќе пати во денот, најдобро е да го оставите да работи. Секој пат кога ќе го вклучите, се случува мал наплив на енергија потребен за да проработат компонентите (особено оние со ротирачки делови). Ваквите зачестени „скокови“ во ритамот на работа на деловите можат да го скратат работниот век на компјутерот.

Прочитајте и:  Џезерите ќе свират рок во салата на Македонската филхармонија

Постарите компјутери се изложени на поголем ризик, заради деликатноста на механичките компоненти (како хард-дисковите). Сепак, дури и новите компјутери трпат оштетувања заради загревањето при вклучувањето и икслучувањето.

Па така, за луѓето кои често и интензивно ги користат компјутерите, најисплатливата опција е да го остават компјутерот во Sleep Mode во поголемиот дел од времето, наместо постојано да го гасат и вклучуваат. Од друга страна, вклучувањето на компјутерот еднаш дневно не е така штетно, па оние што помалку го користат можат слободно и без грижа да го исклучат.

- Реклама -