Еди Редмејн е актерот кој го освои престижниот Оскар за најдобар актер, откако се најде во улога на Стивен Хокинг, во биографскиот филм „ Теорија на сè“.
Младиот актер инспириран од животот и болеста со која е соочен големиот научник, им ја посвети наградата на сите оние кои се борат со оваа болест.
Утрово, Хокинг му ја честитал наградата на Еди.
„Честитки за Еди Редмејн за освојувањето на Оскар за улогата во која ме толкува мене во филмот „Теорија на сè“. Браво Еди, многу се гордеам со тебе.“