Рецепт за вкусна торта од портокал

Сè уште има портокали на пазарот, па можете да ги искористите за да си направите вкусна торта со ова тропско овошје во основата.

Состојки:

За подготовка на кора:

1 шолја масло

1 шолја кисела вода

400г. брашно

прашок за пециво

100г. шеќер

За подготовка на фил:

4-5 портокали

0,5 л. вода

350г. шеќер

2 пудинзи од ванила

4 лажици густин

Маргарин

Подготовка:

Од сите состојки потребни за тестото изматете меко тесто. Испечете 4 кори.

Излупете ги портокалите, сварете ги во половина литар вода, почекајте да се изладат и ситно сечкајте ги.

Во водата каде ги варевте портокалите сварете ги пудинзите до 350g шеќер и 4 лажици густин.

Кога филот ќе се излади, додајте неколку лажички растопен маргарин. Врз секоја кора прелејте подебел слој од филот и финиширајте со растопено посно чоколадо.

- Реклама -