Кога ќе го слушнеме изразот „најдобар пријател на човекот“, првата асоцијација на која помислуваме е кучето.
Меѓутоа, Роџер Дуре има нешто друго на ум кога ја изговара оваа фраза. Имено, тој успеал да истренира верверичка да дојде до него, да му седне на рамото, и да јаде директно од неговата рака. Во текот на последните пет години тој успеал да истренира повеќе од 20 верверички.
Сепак, и покрај фактот што Роџер успешно ги припитомува и ја добива нивната доверба, вели дека сака само да ги научи да се поздрават со него, а потоа да се вратат онаму каде што им е местото – во природата.