Доколку сакате да ги освоите сите присутни со совршениот изглед на вашата венчавка, веднаш започнете да размислувате за деталите како што се совршена фризура, шминка и останати аксесоари.
Оваа година во тренд се нежните нијанси на очите, и впечатлив кармин на усните. Навидум природниот изглед на косата кој е впрочем и најтешко да се постигне, е апсолутен хит дури и кога станува збор за невестите.
Во продолжение ви прикажуваме неколку одлични идеи за невести кои пленат со својот изглед.